Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2025
Три дена воздухот во Велес е загаден во високи концентрации на ПМ 10 честичките. Вчера, вторник бил 118 мг/м3, во понедленикот 89 мг/мг а во неделата 81 мг/м3. Граничната вредност е 50 мг на м3. Овие три дена загадувањето е регистирано во попладневните и вечрни часови, во терминот од 17 до 21ч. Лекарите советуваат да не се излегува без поголема потреба во утринските и вечерните часови, посебно за хроничните болни.
Во текот на трие дена во попладневните и вечерни часови, во Велес има високи часовни вредности на ПМ10 и ПМ2,5 опасни и штетни честички, на јаглен моноксид и азот диоксид кој е токсичен гас. Според овие параметри воздухот во Велес беше меѓу трите најзагадени градови во Македонија.
Прагот на информирање, за која е должна да реагира локалната власт е ако два дена последователно има вредности на ПМ10 честички над 100 мг/м3 а ако ги дава дена над 150 мг/м3 тогаш е надминат прагот на алармирање.
Вчера беше објавено истражување, извештај на Европската комисија з аживотна средина, каде е прецизирано дека Македонија повторно се најде во групата земји со највисок релативен здравствен товар од PM2.5. Заедно со Босна и Херцеговина и Албанија, земјата има најголем број изгубени години живот по 100.000 жители над 30 години поради изложеност на фини честички.
Извештајот покажува дека во Македонија релативните загуби на здравје се далеку над европскиот просек, а изложеноста на PM2.5 е стабилно висока со години, главно поради урбаното греење со цврсти горива, сообраќајот и индустриските постројки. Во случајот во Велес се првите два фактори, оти индустрија во градот нема.
Најчести последици кај населението се: исхемична болест на срцето, мозочен удар, дијабетес, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), рак на белите дробови и високо ниво на астма кај децата.
главни загадувачи според стручните лица се:
PM2.5 — најсмртоносниот непријател
Фините честички навлегуваат длабоко во белите дробови и дури во крвотокот. Во Европа во 2023 година од PM2.5 се предизвикани: 206.000 смртни случаи во 40 земји. Најмногу смртни случаи има во Италија, Полска и Германија
NO₂ — загадување од сообраќајот
NO₂ е доминантен во градовите и ги погодува срцето и белите дробови. Само во ЕУ има 34.000 смртни случаи во 2023. Најпогодени се Турција, Италија, Германија. Срцевите заболувања и дијабетесот се најчести последици.
