Велешани со повеќе скршеници се здобиле пред да падне снегот, потоа имало помалку

Петар Печков

Велешани имаат повеќе скршеници  на екстремитетите пред да падне првиот снег, отколку откако започна проблемите поради замрзнатите површини. Ова го покажуваат бројките на ЈЗУ Општа Болница Велес.  За 21 дена, до вчера понеделник,  имало 24 скршеници, повеќето во деновите без снег.

На ортопедија до 9-ти јануари имаме  примено 16 пациенти со фрактури на екстремитетите, додека од 10-ти до 21-ви јануари има осум повредени. Еден од нив е препратен во Скопје - стои во писмената информација на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Пресекот е направен до 9-ти јануари  кога падна првиот годинашен снег. Велес со својата конфигурација, високите делови на градот паднатиот снег  го отежнуваше редовното живеење на граѓаните. Од тие делови поради мразот долго време жителите се жалеа дека не можат да ги напуштат своите домови.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати