Велешка болница доби Ургентна единица за пациентите кои се во животно загрозувачка состојба

Петар Печков

Од почетокот на април, Општата  болница во Велес има Ургентна единица, место каде се згрижуваат пациентите од велешко, кои се во животно загрозувачка состојба. Таа работи 24 часа дневно.  Потребата од неа  беше пристуна со години а се реализираше пролетва.

 „Оваа ургентна единица е замислена да ги прима, згрижува и дава помош на пациетите кои се во животно загрозувачка состојба, од областа на хирургијата, ортопедијата, трауматологијата, кардиологија, интернистичките гранки, неврологија и психијатрија. Пациентите го скратуваат нивниот пат со приемот тука  а со тоа и времето потребно да се даде помош.  Ургентната единица е лоцирана веднаш до одделението за радиодијагностика, што е многу важно за брзо доаѓање до дијагнозата на пациентот“- кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.  

Таа нагласува дека постои строга разлика кои пациенти се примаат во Ургентната едница а кои се за примарната заштита, за која е задолжена службата на Итна помош. За прием на пациентите се задолжени лекар специјализант и три медицински сестри.

„За лекарска помош на пациентите ги опслужуваат сите дежурни ортопеди, хирурзи, интернисти кои во тој момент се на должност. Така пациентот добива комплента нега со конзилијарни потреби од специјалисти кои се вработени во болницата“ – додава Андова.

Бидејќи велешката болница  покрива со здравствени услуги дел од автопатот од Катланово до Градско а со почетокот на летната сезона, имаат и зголемен број на интервенции.

„Од првомајските и Велигденски празници цел месец имаме зголем обем на работа, интервенции, што се должи на почетокот на туристичката сезона по автопатот“ – кажа Андова.

Дополни дека оваа Ургентна единица не е никаков финасиски трошок, туку само реорганизација внатре во болницата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати