Велешките Гимназијалци учесници на финалниот настан во Републичкиот парламент „Имам став“

Петар Печков

Велешките гимназијалци од „Кочо Рацин“ беа учесници на финалниот настан на едукативната активност „Имам став!“, чие одржување прерасна во редовна пракса во законодавниот дом. Освен ученицие од Гимназијата учествуваа и средношколците од од СМУГС „Панче Караѓозов‘‘ и од СЕПУГС ,,Васил Антевски Дрен‘‘ кои се и победници. 

Во улога на судијки на  финалето биле пратеничките Лидија Петковска, Рашела Мизрахи, Драгица Ѓавочанова, Рина Ајдари, како и раководителката на Секторот за едукација и библиотека при Парламентарниот Институт, Ардита Јашари Бислими.

„Учениците  дискутираа на три теми, а не изостанаа реплики и контрареплики како на вистинска собраниска седница.  Едукативната активност „Имам став!“, што ја организира Парламентарниот институт, претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието на Република Северна Македонија. Овој пат, учениците во улога на пратеници дискутираа за три теми што директно ги засегаат младите, а тоа се: „Поттикнување на физичката активност кај младите”, „Безбедноста во патниот сообраќај” и „Младинската невработеност“ – соопштија од Републичкиот парламент.

Активностите поврзани со „Имам став!“ започнуваат во училиштата, каде што под водство на наставници-ментори се одржуваат состаноци. Учениците, поделени во три комисии, дискутираат за одреден политички проблем и за истиот треба да понудат решение, кое ќе треба да го одбранат пред другите ученици.

„Целта на одржување на едукативната активност „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост“ – информираа од Собранието.

Успешната реализација на симулацијата „Имам став!“ бара сериозна подготовка и посветеност од страна на нејзините учесници. За таа цел, во рамките на подготовките за реализација на активноста, Парламентарниот институт организира и работилница на која наставниците се стекнуваат со потребните вештини и знаења за спроведување на симулацијата и успешно менторирање на учениците.

Фото Собрание на Северна Македонија

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати