Велешките извидници први на 46-тиот Меморијал “Марко Граорковски“

Петар Печков

Во Катлановска Брезица во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје и Сојуз на извидници на Македонија изминатиот викенд  се одржа 46 Меморијал Марко Граорковски“. Учесници беа повеќе од 250 извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Битола и гости од Ниш и Белград, Република Србија. Типот на натпреварите на овој меморијал коло беше – традиционалната ориентација.

Патрола “Чичко Врап“ од велешкиот извиднички одред го освои првото место во категоријата истражувачи -ровери, и  беше составена од извидниците: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Кире Харалампиев.  Оваа патрола за освоеното прво место обезбеди и ваучер за летување на Јадранското море во Буљарица, Црна Гора. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати