Велешки угостител за Голема Богородица организирал свадбена веселба

Петар Печков

Кај велешки угостител било  констатирано  како за време на пандемија на ковид-19 организирал свадбена свеченост. Ова го откриле инспекторите на Државниот пазарен  инспекторат, во време на продолжениот празничен викенд зад нас.  

За празникот Голема Богородица свадби и веселби по кафеани инспекторите на Државниот пазарен инспекторат констатирале  во Берово, Крива Паланка, Велес и Струга, јави порталот  „А1он“.

Во петокот, покрај свадбата во„Скај дрини“ во  Струга, пазарните инспектори откриле  веселби со многу луѓе во угостителскиот објект „Двориште“ во Берово, во „Селект“ во Крива Паланка и „Ве ве Тивес“ во Велес.  За сите локали Инспекторат најави кривични пријави за непочитување на протоколите.

Од ДПИ најавуваат дека сите прекршители ќе добијат кривични пријави и им се заканува казна од 5.200 евра или една година затвор.

Неодамна против домаќин, кој во мај организираше свадба во семејниот двор, беше поднесена кривична пријава. 

Против Р.Д.(41) од Велес, се гони за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 8-ми мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.

Со Уредба на Владата со законска важност, свадбите се забранети во овој период.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати