Велешкото обвинителство истражува дали во време на масовната вакцинација против ковид-19, имало случаи на продажба на вакцинални листови, иако поединци не биле вакцинирани

Петар Печков

Во 2022 година ОЈО Велес започнал истрага за можна продажба на документи за вакцинирање од ковид-19, иако лицата не биле вакцинирани. Велешкото Јавно обвинителство  работи на предмет, дали во текот на корона пандемијата, летото  2021 година,  некои лица печалеле со продажба на вакцинални листови.  

Обвинителството работело по допрен глас,  дека поединци се вакцинирани, иако во пракса тоа не се случило.  Дали некои  спечалил со тоа што во било која форма и дел од процесот,  бил дел од текот за вакцинација и ги продавал овие докуемнти, треба да открие истрагата.

Ова се однесува за периодот додека работеше т.н. вакцинален пункт во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која се преземени повеќе дејствија и испитани се сведоци. Во тек е прибавување на документација од Министерството за здравство и друга документација, по што ќе биде донесена одлука“ – информираа од ОЈО Велес на поставеното прашање.

Вакциналниот пункт  во училиштето „Коле Неделковски“ започна со работа од 25 мај 2021 и работеше до 31 август истата година, поради потребите на велешани, но и на жителите од соседните општини, за масовна вакцинација, заштита од ковид-19.

Вакцинацијата ја вршеа медицински сестри а во  евиденцијата на граѓаните кои се вакцинираа освен докторите, беа вклучени бројни надворешни поединци, кои можеа со печат од докторот да потврдат, на вакциналниот лист дека некој ја примил дозата вакцина против ковид-19. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати