Ветеранитe на ОК Борец втори нa турнир во Словенија (фото)

Петар Печков

Ветераните на ОК Борец се вратија од Словенија, каде во Крањска гора, на тамошен турнир го освоија второто место. Велешани изминатиот викeнд настапија со четири екипи од поранешните ЈУ простори, Изола –Словенија, Умаг –Хрватска, Белград и Шабац Србија.

Во оваа конкуренција се играше по лига систем, секој со секого и ветераните на  ОК Борец забележаа три победи и еден пораз 0:2 од победникот ОК Белград. Со по 2:1 славеа над ОК Умаг и ОК Изола а над ОК Шабац од 2:0. 

Поради спреченост на тренерот Љубе Настов екипата ја водеше Љупчо Гинов.

Со овој турнир, заврши уше една успешна одбојкарска сезона за ветераните на ОК Борец. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати