Вечерва земјотрес ги уплаши велешани

Петар Печков

Вечерва, петок 12 јануари,  земјотрес ги вознемири велешани. 

Земјотресот се случил во 19. 07 часот и 38 сек.  Магнитудата  била 2,6 степени  и бил на длабочина  од еден километар.

Според параметрите на  EMSC (European Mediterranean Seismological Centre) -Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот  бил близу Велес а на 7 км североисточно и 6 км југозападно од село Лозово, а 44 км југоисточно од Скопје.   

Земјотресот го регистрирала и  телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според нив земјотресот  се случил  на 12.1.2018 година во 19 часот и 07 минути со епицентар на 45 km југоисточно од Скопје, од велешкото епицентрално подрачје. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2.6  Овој земјотрес е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. 

Жителите на градот го почувствуваа како силна бучава од длабочина, како експлозија, без тресење и тоа два удари за кратко време.

Во Центарот за известување   немаат добиено повици од велешани, за  причинети штети,  како резултат на земјотресот.   

Ист ваков земјотерс, со слична јачина од 3 степени, на подрачјето каде сега е регистриран, близу Велес имаше и на 21 ноември во  7,53ч. утрото, тогаш само на 2 км длабочина.  

При користењето на податоците да се користи изворот портал ТрМр.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати