Висок број на ново заразени со ковид-19 во велешко 50 лица, еден починат

Петар Печков

По неделните избори, пет дена откако мина периодот на инкубација, во велешко драстично порасна бројот на ново заразени лица, Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, во велешко има нови 50 случаи на лица позитивни на ковид-19, вчера беа 18. Во истиот период, изминатите 24 часа,  има оздравено 15 пациенти. Или во велешко повторно бројот на активни случаи е над 300, поточно има 332.

Починат е пациент на 62 годишна возраст, од Велес. Со ова бројката на починати  во велешко, поради последиците од ковид заразата достигна до 212 лица.

Во велешка Болница хоспитализирани  се 55, од кои  47 се потврдени позитивни, тројца се  сомнителни  и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 27 пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одделение згрижени се  27 пациенти, на Интерно четворица и во Модуларна болница 24.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати