Водата од акумулацијата Младост може да се користи за наводнување, констатираа од Хидробиолошки завод

Петар Печков

Хидробиолошкиот завод од Охрид (ХБЗ) ги објави резултатите од испитувањата на водата на езеро Младост. Извршени се микробиолошки, физичко - хемиски, зоопланктонски и фитопланктонски анализи. 

Испитувањата на примероците се од исто место на три  различни длабочнини, на половина метар, на 7 и 13 метри. Еден примерок е земен  од крајбрежниот појас на Отовичкиот залив. Петтиот е  од близина на браната испитан е примерок од 15 м длабочина за  микробиолошки, физичко – хемиски анализи. 

Примероците вода се земени на 9 јуни, кога температурата на водата на површината била 26 а на 13м длабочина  11 степени.  Новина во однос на ланските испитувња на ХБЗ е што годинава водата може да се користи за полевања.

„Согласно резултатите од физичко-хемиските и биолошките анализи (микробиолошки. фитопланктон и зоопланктон) извршени на мостри земени на 09.06.2026г., водата од акумулацијата Младост ги задоволува критериумите за користење за потребите на наводнување“ – пишува во извештајот.

Со водата од акумулацијата, што е нејзина примарна цел и за што е формирано езерото 1962 година, се полеваат стотиците хектари лозја околу. 

При физичко-хемиски анализи евидентирани се значително високи вредности на органски биоразградливи материи и концентрации на нутриенти –азот и фосфор, што укажува на органско загадување на езерскиот систем. На 13 метри длабочина нема растворен кислород што е причина за нецелосна деградација на органските материи присутна во длабоките езерски слоеви. На оваа длабочина е присутен интензивен  мирис на сулфур, што било резултат на нецелосна разградба на органската материја во бескислородни услови.

Вредностите за физичко –хемиските параметри укажуваат на квалитет на водата од 3 до 5 класа. Тоа било резултат на процес на еутрофикација на  системот кој е  под човечко  влијание. Во овој дел стручните лица од ХБЗ констатираат дека  неопходен е прилив на свежа вода. 

Микробилошки анализи се извршени на неколку бактерии.  Индикаторот за свежо фекално загадување –ешерихија коли не е регистрирана на ниту едно од петте мерни места, ниту во водата ниту  седиментот. Ентерококите –фекални стрептококи ги нема на површинската вода, но ги има кај Отовички залив. Индикаторот за старо фекално загадување, сулфурредуцирачки клостридии се присутни само во водата и седиментот кај Отовички залив.  Според фекално загадување -колиформни бактерии на сите три длабочини  водата е  од прва класа, кај Отовички залив втора класа; според ентероки на површината прва класа, на длабочина втора класа, кај отовички залив трета класа,  ешерихија коли секаде прва класа.

Органско загадување според хетеротрофни бактерии,  на површина и до 7 метри втора класа, на 13 метри и во Отовички залив трета класа. По органско загадување -хетероторфни бактерии  водата до 7 метри е во втора категорија, а на 13 метри и во Отовички залив е трета категорија.  Добиените вредности покажуваат дека бактериите се многу повеќе присутни во седиментот со процесот на таложење, отколку што ги има во водата. 

Од анализата на фитопланктонската заедница, констатирано е дека во езерото се одвива процес на еутрофикација, кој доведува до масовно размножување  на алги. Со нивното изумирање и разградување се троши голема количина кислород, што доведува до изумирање на животинскиот свет. 

Во извештајот на ХБЗ се препорачува дека е потребен континуиран мониторинг и  следење на евентуалните промени. Потребен е дотур на свежа вода во акумулацијата. При појава на наслаги по површината потребно е нивно механичко чистење, нивно отстранување како и на  оние наталожени на дното со багерирање.  Овие наслаги се посебно изразени кај Отовички залив, кој е и најзагаден.

Од ЈВП Лисиче информираа дека  набргу ќе протече свежа вода до езерото.

„На изврешните две бушотини на Отовичка река и Рудничка река има пронајдено вода. За нејзин довод до езерото има и изведено цевковод, потребно е да се приклучат пумпите на електро напојување. Очекувам дека за краток период водата ќе протече до акумулацијата и тоа ќе добива свежа количина вода“ – кажа Ване Маневски диреткор на ЈВП Лисиче. 

Од Општина Велес претходно соопштија дека се обезбедени средста за да се исчисти каналот по Отовичка река, од ѓубре, смет, отпад, трски и тиња, во должина од 900 метри, барање на ХБЗ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати