Водата од природните чешми среде Башино село, Шорка може да се пијат

Петар Печков

 Пет од 11 контролирани природни чешми и водоводи во Велес и селата, водата одговара за пиење, а во шест таане е исправна.

Анализите на примероците на вода земени од Центарот за јавно здравје Велес на 7, 11 и 14 септември покажале дека водата може да се пие од природната чешма среде Башино Село, од Сливник водата од школото, од водоводот во Иванковци, од природната чешма Шорка, од чешмата среде цело Црквино. Сите тие одговараат согласно прописите за безбедност на водата.

Водата не одговара за пиење од школото  во Башино Село, зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на колиформни бактерии – индикатори на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

Не одговара ниту водата од хидрофор во Бузалково поради присуство на бактерии-индикатори на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.

Водата во Кулуковец од бунар кај продавница  не одговара поради анеробни бактерии и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.

Раштани горна чешма  не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.

Раштани  водоводот  не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на колиформни бактерии и Escherichia coli-индикатори на фекално загадување на водата. Потребно еда се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

Водата од природната чешма Пузево трло  не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка и физичко-хемиска анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coliиндикатор на фекално загадување и присуство на нитрати над максимално дозволените.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати