Водата од природни чешми во Велес не се за пиење, констатираа анализите на Центарот за јавно здравје

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес, извршил редовна контрола на водата за пиење од пет природни чешми, сите се неисправни не смеат да се користат за пиење. Примероците се земени на 2 октовмри,

Водата од Бojaџиина чешма не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен  вкупен број на аеробни бактерии и присуство на бактерии-индикатори на фекално загадување  и истата  не е безбедна да се користи како вода за пиење.  

Водата од  Петрова чешма  не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на бактерии-индикатори на фекално загадување на водата и истата не е безбедна да се користи како вода за пиење.

Вода за пиење од природна чешма на уч. Тодор Јанев, на рид,  не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на бактерии-индикатори на фекалноз агадување и истата не е безбедна да се користи како вода за пиење.

Приородна чешма Тодор Јанев бр.75 не одговара  на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради присуство на бектерии-индикатори на фекално загадување на водата и не е бзбедна да користи како вода за пиење.

Приордна чешма Пузево трло  не одговатра на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради најверојатен број колиформни бактерии во 100 ml и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати