Водата што ја пијат велешани е здрава и безбедна, четири пати дневно се врши контрола

Петар Печков

По случувањата со  неквалитетната и загадена вода за пиење во Гостивар, Тетово,  Струмица,  Василево, се отвори дилемата, каков е квалитетот на водата за пиење која ја испорачува ЈКП Дервен? Каде, која лабараторија  врши контрола на водат, колку пати неделно, месечно? Одговорот до ЈКП Дервен е дека водата е квалетитна и секојдневно се врши проверка.

 „Во Фабриката за преработка на вода за пиење се применуваат процедурите за работа согласно НАССР системот. Во лабораторијата во Фабриката за преработка на вода се врши непрекинат 24 часовен мониторинг на квалитетот на водата за пиење која се пласира од Фабриката до крајните корисници, со 4 анализи дневно. Нашата лабораторија е овластена за вршење на физичко-хемиски анализи. Редовни контроли на водата се извршуваат и од страна на Институтот за јавно здравје на Република Македонија четири пати годишно и секодневно тестирање на водата од страна на акредитирана лабораторија. Сите досегашни извршени анализи покажуваат дека велешани пијат здрава и безбедна вода за пиење“- одговорија од ЈКП Дервен, на поставеното прашање од ТрМр.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати