Возовите кон Кичево и Кочани не сообраќаат, оти нема економска исплатливост а дизел локомотивите се скапи, кажа министерот Николоски

Петар Печков

Пругите кон Кочани и Кичево ќе причекаат додека повторно по нив возат возови а и патниците кои ги користеа услугите на Македонски железници да патуваат за овие правци. 

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски при неодамнешната посета на Велес кажа дека причината не била малиот број на патнички возови и локомитиви, туку малиот број на патници.

„Пругата кон Кочани и Кичево нема железнички сообраќај, бидејќи не е електирфицирана а дизел локомотивите се скапа работе за одржување. Тоа е една од работите кои ги работиме со Македонски железници, целосна електрификација на овие пруги. Во моментов економска исплатиливост, каква таква има само за  коридор 10, кој е целосно електрифициран“ – кажа Николоски.

Железничарите пак подолго време објаснуваат дека  сите расположливи патнички возови  на електричен погон се користат за сообраќај на линијата Скопје Гевгелија и Скопје - Велес и обратно, поради тоа што еден од кинеските електрични возови се расипа, укината е една од трите линии кои сообраќаа кон Гевгелија.

Кон Битола сообраќаат моторно патнички возови од кинеско производство или локомотива со патнички вагони, дневно три на број дневно.

Пругата кон Куманово и Бељаковце е исто така електрифицрана, како Гевгелиската и има голем број на патници, работници и студенти кои патуваат кон Скопја и назад.

Таа не функционира, од почетокот на 2022 година. Пругите кон Кичево и Кочани се без воз од мај 2021 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати