Волонтерите на Црвен крст Велес, поделија 50 пакети помош од УНИЦЕФ

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, волонтерите на Општинскиот Црвен крст -Велес, ја поделија помошта добиена од УНИЦЕФ. Така тие продолжуваат со активностите на  распределба на хуманитарната помош, после таа од УСАИД кога беа предадени по 198 пакети со хигиенски средства и храна.. 

Целта е  ублажување на последиците од пандемијата со ковид-19 вирусот. Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст во текот на денот поделија 50 семејни пакети со средства за хигиена, донација од УНИЦЕФ -изјави Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес. .

Акцијата е реализирана со помош од  Територијалната противпожарна единица и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и Општина Велес,.

Во текот на денот се поделиле  и шест големи хуманитарни пакети, донација од наш сограѓанин кој живее во Германија, а повод за истата е претстојните празници  Илинден и Курбан Бајрам.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати