Во Велес, за Коледе гореа контејнери

Петар Печков

Во текот на коледарската вечер, велешките пожарникари имале неколку интервенции. Сите биле во гаснење на оган, кој бил во контејнери. Деталите од соопштението на ТППЕ Велес.


„На ден 05.01.2025 во 23:45 примена е дојава за запален контејнер кај Симпо на ул. 11ти Октомври. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 против пожарно  возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е кон гасење на контејнерот. Во меѓу време добиваме информација од минувачи дека на истата улица горат уште два контејнера и истите беа изгаснати. Додека се работеше на втората локација од страна на дежурниот од ТППЕ добиена е информација за запален четврт контејнер на истата улица. Сите пожари беа успешно изгаснати, без штета“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати