Во Велес досега девет ученици позитивни на ковид-19, два класа се во изолација

Петар Печков

Според информациите од належените институции во Велес, во училиштата во општината има вкупно девет ученика кои се позитивни на ковид-19, три од основното образование и шест од средното. Ова на прес конференција го соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. 

Позитивни се  и двајца директори, еден од основно и еден од средно, двајца наставници, еден педагог и еден психолог од основно училиште  и една хигеничарка во детските градинки.

„Осум ученици од основните училиште  се во изолација и две паралелки од Гимназијата. Во изолација се учениците кои што не се вакцинирани.  Ако се земе во обѕир вкупниот број на ученици, оваа бројка не влијае на одвивањето на наставата“ - кажа Коцевски.

Тој потенцира дека ова е состојбата во велешко заклучно со денес претпладне и се однесува од почетокот на наставата оваа учебна година.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати