Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 септември 2025
Денес понеделник е последниот ден, кога со само два потписи може да се стане кандидат за градоначалник и листа на советници.
Во подрачните единици на Државната изборна комисија во Велес, до пладне немаше поднесено листи за потпишување и за градоначалник и за членови на Совет. Во оваа канцеларија се поднесуваат листи и за Општините Градско и Чашка.
Во подрачната единица за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, има четири пријави за листа за советници за Кавадарци.
Во подрачната единица за подрачјето на општините Неготино и Демир Капија, има две пријави за листа за советници за Демир Капија.
Во подрачната единица за подрачјето на општините Свети Николе и Лозово, има две пријави за листа за советници за Лозово.
Вечерва, понеделник, канцелариите на Државната изборна комисија работат до полноќ.