Во Велес отворен првиот од десетте центри за жртви на семејно насилство

Петар Печков

Велес доби Центар за жртви на семејно насилство. Него го посети министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со што тој може да ги прими и првите згрижени жени. Велес е првиот  отворен, од десетте колку што до крајот на годинава, ќе има нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони. Во него ќе можат да се сместат 5 до 6 жени, не само од Велес туку и од територијата на цела Македонија.  

Наш приоритет е да обезбедиме заштита и поддршка за секоја жена и девојка. Паралелно работиме и на превенција, бидејќи наша крајна цел е трајно да ги искорениме овие појави од општеството- порача министерката  Царовска.  

По пријавата на жена дека е жртва на семејно насилство, било да е во полиција или во Центрите за социјална грижа, таа ќе биде сместена во овој Центар, каде ги има сите услови за непречен престој. Во интерес на заштита на Центарот, неговата локација е позната само за вработените од Министерството за труд и социјална политика.   До крајот на годината е предвидено отворање на Кризни центри за жртви на семејно насилство во Прилеп и Штип.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати