Во Лозово собрани потписи за кандидатура за градоначалник и за листа на советници

Петар Печков

Државната Изборна комисија ги објави имињата на лицата кои поднеле и собрале потписи  и за градоначалник и за членови на Совет.

Во поширокото опкружување, соседните општини на Велес, собрани се потписи за кандидатура за градоначалник и за членови на Совет и двете за општина Лозово.

Потписи собралe Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово и Владе Миланов, листа на кандидати за членови на совет на општина Лозово.

Претходно ТрМр веќе објави дека во Велес група избирачи  предводена од Гарп Мемиш, ги собра потписите неопходни за кандидатура  за членови на Совет на општина Велес,

Групата избирачи кандидатурите за градоначалник и за советници, треба да ги достават  до Општинските изборни комисии заклучно  до 11 септември, каде ќе одат на проверка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати