Во Скопје наскоро се отвора ИСТ ГЕЈТ МОЛ, нов центар за мода и забава

Петар Печков

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови.

Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete's Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal,како и многу други.
Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист Гејт Мол се наоѓа на само 5 минути од центарот на главниот град на Македонија и е веднаш до автопатот М4. Ист Гејт Мол се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, Ист Гејт Мол е импресивен по својата модерна архитектура, во која секој сегмент од фасадата, преку импресивни сводови и елегантни излози и продавници, пространи плоштади и оази за релаксација и одмор, создава чувство да се биде центар на неговиот свет. Уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што ќе имате можност да истражите разни светски кујни и да ги задоволите сите ваши сетила, а модерно опремените кина ќе ви овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини. Тоа е место каде што ќе бидете сигурни дека вие, вашите желби и очекувања, сте самиот центар на светот.
Ист Гејт Мол е инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд.

ПР текст

Поврзани »

ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ГРОБНИ МЕСТА ПРЕСЕЛЕНО ВО ЗГРАДАТА НА ЈКП ДЕРВЕН

Ги известуваме граѓаните дека Одделението за гробишта е преместено од канцелариите на Сектор Комунална хигиена (кај Вардарска епархија) во Управната зграда на ЈКП Дервен (на влезот од Градскиот парк). Контакт телефонски број за ова одделение е 043 231 011, локал 189, така што за сите прашања поврзани со гробни места обратете се горенаведениот број или во Управната зграда на ЈКП Дервен, соба бр. 19.

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали во Македонија треба да остане летно и зимско сметање на времето?

  • да
  • не
Резултати