Во Чашка, Градско и Лозово се работи на расчистување на снежните наноси (фото)

Петар Печков

Надлежните служби во соседните општини  работат на расчистување на снегот. За ова  тие известија преку ФБ, за жал надлежните од Општина Велес не соопштуваат какви активности преземаат за обезбедување на нормален живот и на граѓаните и по сообраќајниците во градот и општината.  Екипи на ЈКП Дерен,  од РЕ Паркови и РЕ Комунална хигиена, денес работеа на расчисување на снегот од тротоарите во градот  а екипи на ЈП Македонија пат  фрлаа  песок  по коловозите.

„Општина Градско и ЈКП Клепа работат  на расчистување на улиците во населба Градско и локалните патишта кон сите населени места кој во текот на денот ќе бидат проодни“ - соопшти градоначалникот Роберт Бешовски. Телефонскиот број на кој граѓаните од Општина Градско може да се јават за итни случаи за  071 261 200.

„Зимската служба на општина Чашка и ЈПКД Тополка од раните утрински часови активно работат на расчистување на снегот на локалните патишта во општината. Со две возила се расчистија локалните патишта во Мелница, Горно Врановци, Нежилово, Папрадиште, Ореше, Бистрица, Дреново. Моментално се работи на расчистување на локалните патишта кон селата Горно и Долно Јаболчиште, Мокрени, Војница Владиловци. Зимската служба на ЈПКД Тополка во текот на денот и ноќта ќе биде постојано на терен со цел да се обезбеди непречен сообраќај кон населените места“ - информира  градоначалникот Горан Стојановски.

Дополни доколку има потреба за брзо и итно реагирање за помош, граѓаните од општина Чашка да се јават на  телефонскиот број 075 331 340

„Екипи на зимската служба на општина Лозово и ЈКП Лозово активно работат на расчистување на снегот од улиците во општината.  Во текот на денот ќе се чистат улиците во сите населени места.  И во текот на утрешниот ден ќе се чисти снегот на пофреквентните места“ - кажа градоначалникот на Лозово Аце Велковски.

Доколку има потреба за брзо и итно реагирање за помош жителите на Општина Лозово, може да се јават  на телефонскиот  број 078 458 320.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати