Во близина на село Удово, пронајдени гранати од Прва Светска војна

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда 22-ри јули во попладневните часови биле пронајдени   неексплодирани гранати, во близината на село Удово, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во време од 17 до20  часот по пријава од Страбаг  на оддалеченост од бензинската пумпа Макпетрол од околу 40м,  во село Удово  е извршена  интервенција од страна на пиротехичар од ДЗС Струмица при што се пронајдени две артилериски зрна 105 мм од Прва Светска .војна - информираше Ефтим Митров пиротехничар.

Гранатите се на линијата на Солунскиот фронт. Истите дополнително ќе бидат уништени.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати