Во велешката касарна се реализира дел од вежбата „Seven Stars 25“, на шест сојузнички армии на НАТО (фото)

Петар Печков

Bo велешката касарна „Алексо Демниески Баумна“ и армискиот полигон „Криволак“ од 2 до 11 април се реализира вежбата „SEVEN STARS 25“. Дел од активносите се во Центарот за симулации во касарната. 

Вежбата „Seven Stars 25“ се организира од Командата на Бригадата секоја втора година. Годинава во активностите се вклучени над 200 припадници на SEEBRIG, а целта е увежбување на НАТО процедури и постапки во функција на развој на интероперабилноста и постапките за команда и контрола. Оваа вежба придонесува кон зацврстување на мирот, безбедноста и соработката во регионот и ја демонстрира подготвеноста на Бригадата за извршување на мултинационални операции во поддршка на мирот.

Вежбата „Seven Stars 25“,  е во организација на SEEBRIG, со целосна поддршка од Армијата на Република Северна Македонија. Таа претставува компјутерски асистирана вежба комбинирана со теренска вежба. На оваа вежба учествуваа околу 190 лица од Армијата, околу 70 лица од 6-те земји членки на SEEBRIG – Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Труција и Македонија.   

Денес, четврток  беше  Денот за високи гости. Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски прсустуваа  на вежбата „Seven Stars 25“и порача дека оваа е мултинационална вежба е исклучително значајна за нас како земја-домаќин на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа.

Командата на SEEBRIG предводена од командантот, бригадниот генерал Билбил Битри,    покажаниот врвен професионализам и високи стандарди во организација на една ваква комплексна вежба која вклучува компјутерски симулиран елемент и теренска вежба на армискиот полигон „Криволак“.

„Навистина ми е драго што преку 200 луѓе директно учествуваат во оваа вежба и што можеме да видиме како заеднички се справуваат со сите несакани појави, но и потоа како да се воспостави мир што е многу важно. Ги поздравувам сите, навистина професионално. Честитки до SEEBRIG, честитки до сите земји и учесници“, рече министерот Мисајловски.

На новинарско прашање поврзано со плановите за развој на одбраната и Армијата, Мисајловски информираше дека континуирано се реализира процесот на опремување и модернизација на Армијата, споменувајќи дека годинава се очекува да се комплетира целата набавка на JLTV возила, да пристигнат оклопните возила Stryker, како и против-воздушните системи Mistral и артилериските системи Boran. Минисистерот кажа дека се работи на надминување на правните предизвици поврзани со набавката на хеликоптери и дека за тоа избрана е компанија која ќе дава правни совети во овој процес. Додаде дека се одвојуваат значителни средства и за реконструкција на објекти на Армијата, вклучувајќи ги и објектите на подрачните единици, како и за набавка на нови униформи и чизми за припадниците на македонската Армија.

Генералот Лафчиски, пак, порача дека интероперабилноста помеѓу сите учесници на вежбата е на завидно ниво, оценувајќи ја за успешно реализирана. Лафчиски информираше дека 90 проценти од учесниците на теренскиот дел од вежбата се припадници на Вториот баталјон од Првата пешадиска бригада на Армијата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати