Во велешка Болница во време на ковид заразата, набавена нова апаратура вредна осум милиони денари

Петар Печков

Велешката Болница, измината година, иако во вонредни услови на ковид заразата успеа да набави нови апарати, кои служат за подобра дијагностика, при работата на лекарите. При тоа  одвоени се сопствени средства со вредност од околу 130.000 евра за набавка на десетина апарати.

Покрај тоа што минатата година беше исклучително тешка, како од здравствен така и од  економски и социјален аспект во целиот свет па и кај нас, менаџерскиот тим на Болницата мислеше  на пациентите и на здравствените потреби на истите. Потврдивме дека со вистинска  организираност  и труд секогаш се постигнуваат успеси. И покрај пандемијата, кога болницата ги стави сите свои ресурси во служба на превенција и лекување на заболените од ковид-19, набавивме нова апаратура  - кажа д-р Божидар Бојаџиев, директор нa Општа Болница Велес.

Изминатите месеци била набавена  нова апаратура, која вклучува: апарат за анестезија  со монитор за деца и возрасни, два апарати -аспиратори за сукција, дефибрилатор, оптика за лапарoскопија, кардиолошки сонди, гастроскоп и колоноскоп, осум концентратори за кислород, седум пациент монитори апарати за физикална терапија со ултразвук, интерферентни струи и дијадинамиски струи.

Добивката и задоволството од новата опрема  ја почувствуваа и вработените и пациентите.  Со набавка на овие апарати значајно се подобри квалитетот  на здравствените услуги кои ги нуди болницата. Во претстојниот период продолжуваме со инвестиции и во подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги - дополни д-р Бојаџиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати