Во велешките училишта има рекордни 151 паралелка со помал број ученици

Петар Печков

Дури 151  паралелки, од 276 колку што работат,  во основните и средните училишта  во Велес годинава имаат помал број на ученици од  законски пропишаната 24. Ова е рекордна бројка, највисока досега. За потсетување лани имаше 112, годинава за третина повеќе.  Без исклучок во сите училишта во градов побрано е, а Советот се согласи да има помал број на ученици.

Во средните училишта има  55 а во основните 96. Од нив 39 се во новоформираното ОУ ,,Панко Брашнаров,,. Градоначалникот Коцевски, лани во овој период тврдеше дека за него е неприфатливо да има настава во еден клас со осум, девет ученици и  тогаш остро се противеше на ваквата уписна политика. Годинава пак состојбата е полоша, има паралелки со по два ученика. 

Годинава бев ,,разоружен,,  бидејќи Министерството за образование, на мое  големо изненадување , експресно даде согласност за  основање на паралелки со помал број ученици.  Беше без предметно  јас да  не ги потпишувам решенијата на Советот, да не ги објавувам во Службен гласник, па тие повторно да ги гласаат, па да ги потпишам но да ги обжалам на Уставен суд. Што  се склучи годинава, Министерството да ги поддржи, не ми е јасно. Мислам дека тоа е штетна политика, тој начин на образование со помал број ученици од законски пропишаната бројка е многу скап, нерационален. Многу пари ќе се заштедеа, кои ќе се вложеа во   подобар квалитет на воспитно- образованиот процес и за одредени зафати за енергетска ефикасност на училишните згради - кажа Коцевски. 

Тој посочи пример, без да го именува училиштето каде во седмо и осмо  одделение има паралелки со по два ученици, иако Законот дозволувал од 6-то до 9-то одделение да има комбинирани паралелки.

Најлоша состојбата од средните училиште е во Економското, каде од  18 паралелки 16 се со помал број ученици.   Од основните училиште, сите  18 паралелки од училиштето во село Иванковци се со помал број,  додека ОУ Панко Брашнаров, иако како новоформирано со цел да има подобра организација и повеќе ученици,  од 42 паралелки 39 се со помал број ученици.  

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати