Гимназијата Кочо Рацин одбележа 168 години постоење

Петар Печков

Гимназијата Кочо Рацин со завршен настан го одбележа патронатот на ова училиште, најстарата средно образован институција во Македонија, 168 години постоење.  Завршниот настан беше во салата на Велешки театар, каде имаше изложба на ликовни дела од учениците, која беше поставена во фоајето. Потоа се изведе претставата „Женидба “ од Гогољ, поставена од професорките по македонски јазик – Цветанка Карамаркова, Весна Павлова, Магдалена Сарагинова, Александра Стојановска. Ја изведоа учениците од Гимназијата.

Претходно на присутните во полната театарска сала се обрати директорот на училиштето Илија Попов. Тој кажа дека овој ден е значаен за училиштето, но и за Велес и Македонија, бидејќи Гимназијата е најстарото класно училиште во земјава.

„Гимназијата е синоним за квалитетно образование и интелектуален развој. Низ децениите, Гимназијата го делела судбинскиот пат на народот.  Во неа се образувале генерации кои подоцна низ Македонија ја ширеле писменоста, свеста и знаењето.  Посебно значаен е моментот почетокот на 1945 година, кога за прв пат во Македонија започнала настава на мајчин, македонски јазик. Подоцна истата година е одлучено Гимназијата да  го добие името на Кочо Рацин. Чествувајќи го неговото име не оддаваме почит само нему, туку  и на вредностите кои ги живеел и оставил во аманет. Рацин  е дел духовниот код на Велес. Гимназијата низ годините на постоење создала огромен интелектуален потенцијал. Денес најголемата одговорност ја носат наставниците, вработените, со нивната стручност, посветеност, професионален односот. Тие се чувари на квалитетот, угледот на институцијата, затоа им упатувам на искрена благодарност. Посебно место имаат учениците, кои се смислата на постоењето ан Гимназијата, со  нивниот труд, успесите ја продолжуваат традицијата да го претставуваат  достоинствено името на училиштето.  Како директор , со почит кон минатото и одговорност кон иднината,  ќе продолжам да работам на зачувување на угледот на Гимназијата, за натамошното напредување. Во интерес на ученците, наставниците и заедницата“ – порача Попов. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати