Во пораст бројот на активни случаи со корона вирус во велешко

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко има 26 лица ново заразени со ковид-19,  а шестмина  се оздравени. Активни се 270  случаи а досега се заразиле 3.452  лица.

Од  последиците на корона вирусот, досега починале 111  лица од велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 23 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и  седумина  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум  лица.  На Инфективно одделение се сместени 26  а на Интерно шестмина  пациенти. Испишани се пет  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати