Во првата акција за крводарување собрани 79 крвни единици

Петар Печков

Во првата годинешна акција на крводарување  организирана во  Велес, собрани се  79 крвни единици. Од нив 60 биле мажи и 19 жени, додека 2 лица прв пат даруваа крв, информираа од Општинската организација на Црвен крст во Велес, кој беше организатор заедно со Републичкиот завод за трансфузиона медицина. 

Голема благодарност до дарителите кои не ги спречи ниту снегот, ниту студениот јануарски ден. Благодарност и до театарот, каде се реализираше акцијата - напишаа на својот фб од ОО на Црвен крст Велес. 

Ланската  јануарска акција беа собрани 109 крвни единици а 2017-та кога имаше исто снег и ниски температури н71 крвна  единица. 

За потсетување лани беа собрани 4.459 крвни единици во текот на 365 дена а само последниот ден имаше 17 краводарувања.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати