Во првиот уписен рок во четирите средни училишта запишан 371 ученик во прва година

Петар Печков

Во првото пријавување  на ученици во прва година, во средните училишта од Велес пополнети се 371 места од 1011 слободни  места. Годинава 2019/2020 деветто одделение во велешко, но и соседните општини Градско, Лозово  и Чашка завршија 590 ученика.

Според информацијата добиена од локалната власт а по поставеното прашање на ТрМр, состојбата по училишта е следна.

Во првото пријавувања во СОУ Гимназија Кочо Рацин се запишани  103 ученици од кои 90 на македонски наставен јазик и 13 на албански наставен јазик.

Во ССОУ Јовче Тесличков се запишани 10 ученика,  5 ученици со четиригодишно образование и 5 ученици со тригодишно образование.

Во ССОУ Коле Неделковски се запишани 168 ученици,  135 ученици со четиригодишно образование и 33 ученици со тригодишно образование.

Во ССОУ Димитрија Чуповски се запишани 90 ученици,  75 ученици со четиригодишно образование и 15 ученици со тригодишно образование.

Првото пријавување за ученици во прва година во средните општински училишта за учебната 2020/2021 година се одржа во четири дена според протоколите пропишани од Владата, односно од 16-ти  до 19-ти јуни.

Најмногу интерес има за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профил кој што се изучува во „Коле Неделковски и е пополнет со два класа по 34 ученици.

Голем интерес полу матурантите покажале и за образовниот профил медицинска сестра во средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ кој е пополнет со примени 34 ученици.

Во велешките средни училишта  не се организираа квалификациони или приемени испити поради ист број  на бодови, на повеќе ученици за една струка,  туку полуматурантите се запишуваат според бројот на поени потребни за упис пропишани од Министерството за образование и наука. На тој начин се вршеше селекција на учениците.

Дополнително Министерството за образование дозволи од есен да има и една спортска паралелка која е дел до Спортската академија од Скопје а која во Велес часовите ги изведува во Гимназијата. Таму учениците се примаа според извршени тестирања по спортска програма. 

Следниот уписен рок е среда и четврток на 24-ти и 25-ти јуни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати