Во село Иванковци започна да се гради црква

Петар Печков

Започна да се гради црква во велешкото село Иванковци.  Во саботата претпладне камен темелникот го постави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.  Црквата го доби името Св. Тројца.  Нејзин ктитор е жител на селото Гроздан Илиевски, кој 30 години  живее во Австрија.

Сакав луѓето да се зближат. Кога доаѓам во селото, два-три пати годинашно, чувствувам дека се оддалечени. Радосен сум што започнавме со градба, очекувам дека еден ден ќе се заврши – вели Илиевски.   

Во селото Иванковци живеат околу илјада жители, сите православни христијани, иако на почетокот од минатиот век  во селото живееле Турци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати