Во село Чифлик, демиркаписко изгорела камп приколка, автомобил и опожарена куќа во изградба

Петар Печков

Понеделникот нешто по полноќ, опожарена камп приколка, автомобил и прозори од куќа во изградба во неготинското село Чифлик. Деталите од соопштението на велешката полиција.

„На 11 мај  во 00:22 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во село Чифлик, демиркаписко, била опожарена камп приколка сопственост на Н.Д.(45) од село Чифлик, кој се проширил и зафатил паркирано патничко возило „фиат“ со демиркаписки регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(38 год) од село Корешница, демиркаписко“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, при што било констатирано биле оштетени и неколку прозорци од објект во изградба, сопственост на Н.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати