Во трите крводарителски акции во средните училишта во Велес собрани 83 крвни единици

Петар Печков

Со вчерашната крводарителска акција во велешката Гимназија, заврши есенскиот дел од крводарувањето, реализирано во средните училишта во Велес. Во Гимназијата Кочо Рацин  беа собрани 26 крвни единици а 15 од нив се првократни дарители.
 
Претходно во месец ноември и октомври исти вакви акции беа остварени и во средното училиште  Коле Неделковски со 35 собрани крвни единици и во Хемиското Димитрија Чуповски 22. Поради малиот број на ученици во четврта година во економското Јовче Тесличков, таму акција не  е организирана.

Или во овие три  средни училишта собрани се вкупно 83 крвни единици, а дарители за прв пат се 51 лице. Организатор на акциите за доброволно дарување крв беше Општинската организација на Црвен крст Велес и Заводот за трансузиона медицина  Скопје.

Исти крводарителски акции ќе се реализираат во овие образовни институции  напролет.

фото: ФБ/ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати