Времените објекти на мостот Гемиџии, кај ДОЗ, надлежното акционерско друштво нема желба да ги отстрани иако времето ги надминало и уништило, вели градоначалникот Колев

Петар Печков

Времените објекти на мостот Гемиџии, од левата страна на ул Илинденска, на потегот од бројот 4 до бројот 24 А,  надлежното Акционерско друштво за изнајмување, стопанисување со станбен и деловен простор АДИССДП, нема желба да ги отстратни, иако нивната функција е одамна надмината.

Ова го кажа градоначалникот на Велес, Марко Колев, на седница на Советот, одговарајќи на прашањето зошто средствата наменети за уредување на овој простор, се пренаменуваат за други ставки. 

„За времените објекти на мостот Гемиџии, не можевме да се договориме  тие да се отстранат, ниту со претходниот, ниту со сегашниот, мислам на директор, не на раководителот на подрачното одделени. Тие се во сопственост на АД за стопанисување со деловен простор. Од толку дуќани, само еден има закупец и се користи. Сакаме да го уредиме просторот, но не можеме. Ме советуват да се обратам до Владата, останува уште тоа да се стори. Времените објекти не се во функција, времето ги прегазило. Ако сакаат да ги изнајмуваат треба да ги реновираат и да вложат средства“ – кажа Колев.

Лимените бараки кои се стари повеќе од четири децении, се  поставени 1978 година. Од   АДИССДП одговорија дека од 12, за  пет простории се издадени а за останататие се бара закупец.

„Постапката за нивен закуп е идентична со таа што се применува за сите деловни простории со коишто стопанисува Друштвото, односно согласно одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање под закуп на деловен простор, во кој меѓу другото, е прецизирано дека деловниот простор се издава во видена состојба. Посочените објекти се државен имот, и на нив АДИССДП има корисничко право, па оттука, секоја дислокација е  невозможна без согласност на Владата РМ, по претходна одлука на Одборот на директори на Друштвото“ – пишува во одгворот на  АДИССДП

Објектите кои се лоцирани на ул. Илинденска, ги стопанисува АДИССДП- Подружница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати