Втора победа на ФК Борец над „фенерџијата“ ФК Беласица за две седмици

Петар Печков

Стадион  Зоран Паунов   во Велес

судија:  Ндерим Тефику од Куманово

стрелец  Баша 55` (ФК Бор),

картони: жолт Бајрами (ФК Бел)

ФК Борец 1919: Ефремов, Чичевски, Баша, Ефтимов,Ѓоргиев,  Коцев, Мишевски, Омерагиќ, Ристовски, Стоименовски, Трајков   во игра влегоа и

ФК Беласица: Вулиќ, Аврамовиќ, Бајрами, Демир,  Ивановски, Калановски, Михаилов, Мијатовиќ, Милушев, Митевски, Солев    играа и Радојчиќ, Трајановски, Гудјуфи

Втора победа за велешките фудбалери, за само две седмици над фенерџијата на табелата екипата на ФК Беласица.  ФК Борец во првото коло од третиот круг натпревари славеше минимално со 1:0 за зацврстување во средината на табелата, на шестото место со 32 бода колку што има и екипата на ФК Работнички.  

Во следното коло, кое се игра в сабота,  соседско дерби според пласманот на табелата,, ФК Борец повторно игра дома, а гостува седмо пласираната екипа на ФК Пелистер од Битола, која пред седум дена им нанесе пораз на велешани Под Тумбе кафе со 1:0. .

распоред на натпреварите на ФК Борец до крајот на првенството од Првата лига

20.03 15 ч, ФК Борец- ФК Пелистер
04.04 15ч. ФК Работнички – ФК Борец
11.04 16 ч. ФК Борец- ФК Струга ТЉ
14.05 16 ч. ФК Македонија ЃП – ФК Борец
18.04 16 ч. ФК Борец- ФК Шкупи
25.04 16 ч, ФК Шкендија – ФК Борец
28.04 16 ч. ФК Борец- ФК Вардар
02.05 16 ч. ФК Силекс –ФК Борец
09.05 17ч. ФК Борец- ФК Ренова
16.05 17ч. ФК Академија Пандев –ФК Борец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати