Втора смена во градинките во Велес нема, оти нема интерес

Петар Печков

Анкетите на родителите, чии деца посетуваат градинка, покажала дека во Велес  нема интерес за организирање на втора смена.  За разлика од други градови, каде втората смена е прифатена и има голем интерес, во Велес немало.  Затоа пак градинката работи секоја прва сабота, кога администрацијата во државните институции е на работа.  

Имавме анкета на родителите, кои беа прашани, дали има потреба од втора смена. Од сите анкетирани родители, само двајца пројавија интерес, а тоа е многу скапо да се примени. Толкав објект да биде во функција за две деца и да се ангажира кадар  засега е економски неодржливо. Затоа пак секоја прва сабота, која е работна, имаме објект каде ги примаме децата кои се згрижуваат. Тоа е објект бр. три - Детелинки на ул. Тодор Јанев. И јавноста да знае  дека интересот е многу мал - рече Ефтимија Лукава Карбева в.д. директорка на детските градинки во Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати