Петар Печков
Објавено: недела, 16 ноември 2025
Утрово, нов евидентиран случај на брзо возење кај Шорка, на регионален пат Велес- Башино село, каде брзината е ограничена на двојно пониска.
„На 16 ноември во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40 год) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Ова е втор случај за два дена. Во петокот наутро С.Ј. (24 год) по истата улица, автомобилот марка „БМВ“ го возел со брзина од 109 км/ч.
И за двата случаи полицијата не соопштува каква пријава ќе поднес.
