Сообраќајка кај Речани, возачот со тешки повреди пренесен во Скопје

Петар Печков

Претпладнево се случила сообраќајна несреќа, кога автомобил излетал од патот и удрил во дрво. Тоа било кај Речани на ул. Академик Пенчо Давчев околу 9,30ч. , близу базата на Македонија пат. Во автомобилот бил сам возачот, кој има тешки повреди.

„Постапивме по примен повик, имаше едно лице повредно, со повреди на глава. Дадовме неопходна терапија и го однесовме на Ургентен центар во велешка болница“ – кажа д-р Славица Нешова Пановски од службата за Итна помош.

Повреденото лице го извадиле од возилото велешките пожарникари.

„Територијалната Противпожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  пожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување, возилото е обезбедено, а лицето е извадено и предадено на Итната Медицинска Помош“ – соопштија од ТППЕ Велес.  

„По извршените снимања и претраги, констарирани се повреди на глава, повердениот е интубиран и веднаш потоа префрлен во приватна клиника во Скопје“  - соопшти д-р Ванчо Граматов, од велешка болница. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати