Пожар уништи семејна куќа кај Скривниците под Којник (фото)

Петар Печков

Пoпладневo  изгоре  куќа  во стариот дел  нa   Велес,  под  Којник,  близу  скривниците  кај  Теќе,  на ул. Петар Делјан бр.3. Во  огнот кој  го зафати  кровот  од двокатната куќа, уништен  е  горниот кат  и  кровот  а  од  водата  со  која  се гаснеше  пламенот,  уништен е  долниот кат, приземјето.  Во  куќата живееле две  семејства.  Огнот  бил  локализиран  за еден  час,  со  интервенција  на  велешките пожарникари. 

„Повикот  е  примен во 16 ч.  локализиран  во 17ч. Во  гаснењето  учествуваа  девет пожарникари и  три  возила  Не  длозволивме  огнот  да се прошири кон соседните куќи“  -  кажа  Димче Јованов   командир на вод  во ТППЕ   Велес.

Покрај   брзата  интеревенција на пожарникарите помагале и  соседите.

„Веднаш кога  го видовме  огнот истрчавме  и почнавме да  гаснеме,  но  црева немаме.  Кој  колку  можеше помагаше. Пожарникарите  брзо  дојдоа. Но  немаше од Електро  Велес  кој   да ја  исклучи струјата и тие го  гаснеа огнот под напон. Дури еден  момент   таму нешто пукна а  тие беа на кровот. Немале дежурни електричари  па од дома  ги викале  за  интервенција.  Но  пожарникарите не можеа  да  седат  и да  гледаат како  куќата  гори,   па  веднаш пријдоа на  гаснење“ – велат очевидци и соседи.

Од  службата  за  Итна  помош,  д-р  Славица  Нешова Пановски,  кажа дека  не  е побара интервенција  од  лекар  за  повредени  од  пожарот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати