Петар Печков
Објавено: среда, 01 октомври 2025
Велешанка се здобила со тешки телесни повреди, откако автомобилот кој го управувала, излетал од автопатот Штип – Миладиновци. Деталите од билтенот на МВР.
„На 30.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во атар на сeло Сушица, општина Петровец, патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, по што треба да бидат познати причините за излетувањето.