Поранешниот партнер Илија С. имал повеќе пријави од убиената Росица, кога ги сторувал делата бил персметлив и го сфаќал значењето на постапките, кажаа психијатрите

Петар Печков

Сведок на крвавата љубовна разврска во Велес, бил актуелниот дечко на убиената Росица К. (31 год), дело кое го сторил нејзиниот поранешен партнер Илија С (39 год) од Скопје, во напад на љубомора.  Реконструкцијата на убиството според повеќе релевантни извори е дека, сторителот Илија С. дошол во домот на  таткото од неговата поранешна девојка Росица К., каде го убил татко и Киро К (74 год). 

Сегашниот партнер на Росица, Ф.Т. од Велес,  изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко во куќата на ул. Кочо Рацин бр.6 затоа што не се јавувал. Тогаш девојката ја нападнал поранешниот партнер, Илија С. и задал шест убодни рани со нож, од нив два во вратот.  Неа во прегратки трчајќи ја изнел пред куќата во дворот, сегашниот дечко, дошла брза помош и ја пренело девојката во велешка болница.

Сторителот се заклучил во соба па со шест убоди од нож во врат, се самоповредил. Итната помош и него го пренела во велешка болница. И во двата случаи, обидите за реанимација траеле по 45 минути за двете повредени лица, но не дале резултат. ОЈО Велес дала наредба за вештачење на пронајдените предмети а телата се предадени на обдукција. 

Оваа институција  немала добиено  известување дека Илија С. не ги почитувал изречените мерки. Постапката за неизвршување на судска одлука била во тек. Утрово обвинителството ја добило судската пресуда од Основен суд Велес, за двете кривични дела за кои му се судело а ги извршил пролетта над Росица - загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство од 20 февруари  и за насилство од ноќта на 3-4 март годинава, обвиентиот добил условна затворска казна. Обвинителниот предлог ОЈО Велес до Основен суд Велес го поднел бргу по настаните, на 10 април. 

„Во рамките на оваа постапка, ОЈО Велес нареди и психијатриско вештачење на обвинетиот, а вештото лице се произнесе дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон оштетената“ – соопштија од ОЈО Велес. 

По објавата на пресудата, утрово, со решение му биле укинати другите мерки на претпазливост кои беа на сила во текот на постапката, но на сила до правосилноста на пресудата останала  мерката – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.

„На 21 мај годинава оштетената го пријавува обвинетиот во ОЈО Велес за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени и во граѓанска постапка, тој не ги почитува и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа, а на 18 мај се приближил до нејзиниот дом и го одзел и го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес на 26 јуни годинава издаде наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР постапува“ – дополнија од ОЈО Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати