Нов вид на измами, прелажани се две жени се при изнајмување на стан, дале и пари

Петар Печков

СВР Велес информираше за два случаи на измами, кои се случиле на територијата на Велес, за два дена, на први и втори октомври. Деталите од соопштението  на велешката полиција.

„На 02.10.2025 во 19:30 часот во СВР Велес, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 28.400 денари. Според пријавеното, таа се зачленила во група на социјална мрежа со цел да најде стан под закуп во Скопје, по што била контактирана од лицето Н.П., а откако се договориле парите за закуп електронски ги уплатила на банкарска сметка. Како што е пријавено, после тоа лицето било недостапно за контакт и сфатила дека била измамена. Исто така, на 01.10.2025, 42-годишна велешанка, на ист начин била измамена за сума од 15.000 денари за закуп на стан во Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Поради појава на овој нов вид на  измами по електронски пат за наводни договори за закуп, СВР Велес апелира до граѓаните, да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица по електронски пат на социјални мрежи и платформи за комуникација, особено кога од нив се бара да извршат уплати на финансиски средства и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати