11 полициски службеници од СВР Велес пред дисциплинска, поради непочитување на процедурите по пријавите од Росица

Петар Печков

Внатрешната контрола во МВР утврдила  дека 11 полициски службеници од СВР Велес  не постапиле  во целост и согласно законските обврски и процедури по пријавите, во случајот со Росица Коцева, која беше жртва, убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија  Стефановски. Тој претходно го уби и татко и Киро.

За ова непочитување на процедурите, од страна на полициските службеници, писмено било известено и ОЈО Велес. Од МВР велат дека во најголемиот дел од случаите, полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. 

„Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност“ – соопштија од МВР. 
 
На 21 мај годинава Росица го пријавила Илија во ОЈО Велес за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство, тој не ги почитувал и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа. На 18 мај Росица пријавила дека Илија го  украл од пред семејниот двор  и го запалил автомобилот, сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес на 26 јуни годинава издало наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во Велес. По овие наредби  МВР уште постапува. Во моментите кога Илија го сторил делото, на сила била забраната за напуштење на живеалиштето, на градот Скопје но и приближување до Росица и контактирање со неа. 

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати