Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 октомври 2025
При контрола на патничко возило во Велес, полициски службеници кај прилепчанец откриле банкноти од по 200 евра за кои се сомневат дека се фалсфикат. Деталите од соопштението на велешката полиција.
„На 06.10.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишија од слобода А.У.(22 год) и М.Ј.(22 год) двајцата од Прилеп. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници извршиле контрола во патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., а сопатник бил А.У., при што кај А.У. се пронајдени и одземени девет банкноти од по 200 евра, за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификат“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.