В петок започнува ревакцинацијата на велешани над 75 годишна возраст, кои се вакцинираа во средината на април

Петар Печков

Вакцинацијата против ковид-19, за возрасната група велешани и жители од околните населени места продолжува петок. Се однесува на лицата кои имаат добиено термин за втора доза вакцина и се на возраст над 75 години.

„Петок продолжуваме со вакцинација, тоа е за лицата кои веќе во средината на април се вакцинираа прва доза против кводи-19. Тие тогаш примија кинеска „Синефарм“ и во терминот кој претходно го добиле, ќе ја добијат втората доза“ - кажа -д-р Пандели Божиков, од Здравствен дом Велес.  

Тогаш 250 лица беа вакцинирани со ова вакцина, прва доза. Досега во Здравствен дом Велес вакцинирани се 1,4 илјади лица прва доза против ковид-19.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати