Гимназијата со отворен ден за идните ученици (фото)

Петар Печков

Велешката Гимназија, најстарото средно училиште во земјава, ги отвори вратите за идните, потенцијални ученици во прва година. Завршните основци, деветто одделенците од сите основни училишта во Велес, но и од соседните општини Градско, Лозово и Чашка, беа гости. Тие имаа можност да се запознаат со образовниот процес во училиште, наставните капацитети.

„Целта е да се претставиме со нашите наставни, воннаставни, проектни активности, и тоа што се реалзира преку редовната настава. Тоа што сме го сработиел оваа учебна година,  да го претствием пред учениците, колегите од другите основни училиошта, родителите,  пред сите кои се заинтересирани образовниот процес да го продолжат во Гимназијата.  Да видат на лице место како функционира училиштето. Задоволни сме од интересот, како денес ова функционира,  бидејќи се што беше планирано се` се реализира. Дојдоа и сите поканети основни училишта“ – кажа Иле Попов, директор на Гимназијата.  

Во дворот на училиштето беа поставени и претставени предметите кои се учат, секциите кои функционираат.  Имаше и музички настап на учениците, со пригодни музички нумери, кои тие ги исполнија. Настанот траше два  и пол часа, од 11 до 13,30ч.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати