Годинава свештениците од Bелешкото архиерејско намесништво, нема да одат по домовите за кревање панагии

Петар Печков

За претстојните семејни слави, свештениците на Повардарската Епархија нема да ги посетуваат домовите на верниците. Ова е информацијата која ја споделија на нивната фејсбук страница. Верниците кои сакаат да подигаат празничен колач, панагии, ќе треба да посетуваат црква во одреден термин. 

Од Повардарската епархија на МПЦ -ОА порачуваат дека сите заедно треба  да придонесеме во изнаоѓање начини да се соочиме со предизвиците кои произлегуваат од пандемијата со ковид-19.

Наоѓајќи се во пресрет на семејните слави, на кои свештениците во градот Велес и околината ги посетуваат домовите на верниците за подигање на празничните славски колачи -панагии, сакаме да Ве известиме дека заради избегнување на сите ризици по здравјето на верниците и свештениците, свештеничкото братство од Велешкото архиерејско намесништво, после обемна дискусија и консултација, едногласно одлучи подигањето на празничните  панагии да се извршува исклучиво во храмовите на градот Велес - пишува во објавата.  
 Од велешкото архиерејско намесништво ги повикуваат верниците при доаѓањето во храмовите задолжително да носат маски, да се дезинфицираат на влезовите во храмовите и да држат одредено растојание од најмалку  1.5 метар.

Во деновите за прослава на празниците - домашните слави, како и ден пред  празникот, ќе има дежурни свештеници во периодот од 7 до 18 часот, за да нема создавање на гужви во и пред црквите во црквите "Свети Кирил и Методиј“,  „Света Богородица“, „Свети Пантелејмон“ и "Свети Козма и Дамјан“ - постојано, како и црквите „Света Петка", „Свети Никола", „Свети Георгиј" и манастирот „Свети Димитриј" - на деновите на нивните празници.

Поради пандемијата со ковид-19 и состојбата во земјава со бројот на заразени, Митрополитот на Повардарската Епархија, Владиката Агатангел го одложи преосветувањето на храмот Св. Кирил и Методиј во Гевгелија.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати