Голем интерес кај велешани за субвенции за инвертер клими, велосипеди и термални колектори

Петар Печков

На почетокот на месецов, на 5-ти август, истече рокот за поднесување документација за добивање сончеви термални колектори и за велосипеди, за граѓаните на општина Велес. Тие покажале голем интерес а за инвентор клима уред, повикот после три дена бил повлечен.

„За сончеви термални колектори се поднесени 43 барања, а за велосипеди, 93. Во периодот што следи комисиите ќе одлучат по поднесените барања, а средствата на граѓаните ќе им се исплатат по завршување на локалните избори, бидејќи со Закон е забранет да се прави во овој период“ - кажа градоначалникот Коцевски.

Најголем интерес велешани покажале за субвенционирање на инвертер клима уреди. За неколку дена биле поднесени 84  барање, по што јавниот повик бил прекинат, поради големиот број поднесени барања.

 „Субвенционирани се 52 физички лица, кои ги исполниле условите и по принципот „прв дојден, прв услужен“ биле прво рангирани. За оваа цел од Општинскиот буџет  исплатени се 494.875 денари и средствата се исплатени. Ова е наш скромен придонес во борбата со климатските промени и заштитата на животната  околина“ - кажа Коцески.

И покрај обврската во донесената одлука, јавните повици да бидат објавени во локалните медиуми, тоа не се случи, туку беа поставени само на Општина Велес. Поради тоа некои од заинтересираните граѓани и не дознаа дека се субвенции може да се набават велосипеди и термални колектори.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати