Двајца велешани членови на второстепената Владина комисија за управна постапка

Петар Печков

За претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, на денешната седница на републичкиот Парламент  беше избран Илче Мушаревски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Ресен. А за членови Сашко Груевски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Велес и Ана Весова, дипломиран правник со положен правосуден испит од  Велес.

Останати членови се Ирена Брзанова, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Жарко Денковски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Куманово, Вера Димитриева, дипломиран правник со положен правосуден испит од Радовиш, Маја Бичиклиска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Марија Стефаноска Томеска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Симона Лескароска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Искра Давитковска-Костовска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Јусуф Минири, дипломиран правник со положен правосуден испит од селото Добридол, Општина Врапчиште, Адриан Мамути, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово и Едит Азизи, дипломиран правник со положен правосуден испит од селото Равен, Гостивар.

 Составот на оваа комисија е избран со 61 глас „ЗА“ и 15 „против“. Претходно претседател на оваа комисија беше  велешанката Даница Чадиева.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати